Музичкиот портал Музика24 дознава дека македонскиот радиски фестивал “Марс “, кој и оваа година станува единствениот ревијален фестивал во Македонија каде најпопуларните македонски музички имиња го презентираат најдоброто, ќе се одржи на 26-ти ноември во Универзалната сала.
Како и секоја година досега, така и оваа, изборот на најпопуларните годишни радиохитови ќе биде добиен по пат на селекција од 45 регионални и национални радио станици во Македонија. 15 најслушани песни во изминатиот период ќе земат директно учество во финалната вечер на оваа музичка манифестација, а како што велат самите организатори, листата на избраните песни за кои веќе се гласа, ќе се презентира кон почетокот на следниот месец.
Освен ова, се најавува и нов концепт на гласање и наградување на победниците. Изгледот на сцената, редоследот на песните, имињата на гостите кои се најавуваат од соседството како и водителскиот пар и многу повеќе, Музика24 наскоро ќе Ви презентира и ќе Ве информира.
Подготви: Катерина Митровска
