ПМГ Рекордингс Фестивалот 4 ќе се одржи овој петок во Младинскиот културен центар во Скопје и претставува природно продолжение на нашите фестивалски заложби за напредно презентирање на најсвежите сонични авантури на македонскиот дел од музичкиот универзум. Оваа година прославуваме 15 години постоење и 100 изданија, па сметавме дека е добра идеја да го збогатиме списокот на артисти и покрај нашите ѕвезди поканивме и неколку силно современи, свежи, катинг еџ странски артисти.
ПМГ Рекордингс Фестивалот е прослава на македонската независна музичка култура и секоја година е одлично посетен, па и оваа година очекуваме полна сала во МКЦ. Со необично задоволство Ве каниме да бидете дел од нашата прослава, ајде да направиме уште еден настан со светски mind set. Артисти кои настапуваат на овогодинешното издание се: Филип Горбачев (Москва), Монозид (Лајпциг) и домашните: Беи Д Фиш, ПМГ Колектив, Милко, Лепи Џони, Роботек и Мирко Попов.
Подготви: Катерина Димиќ
