Предновогодишната атмосфера веќе се чувствува. Доколку сеуште не знаете каде да ја дочекате најлудата ноќ, можеби нашиот портал ќе Ви помогне околу одлучувањето, разгледувајќи ги понудите на диско клубовите во Штип.
Club ICE, во кој последниве неколку месеци гостуваа многу познати имиња од нашата естрада и гости (DNK, Влатко Илевски, Елена Ристеска и Бојан Маровиќ), утре, сабота 28-ми декември ќе го прослави роденденот, поточно осумгодишното постоење. Вечевра 27-ми декември петок ќе не посети Дедо Мраз, но во помодерен стил, во улога на Dj ќе ги остварува Вашите музички желби. Како и секогаш за посетителите ќе има многу изненадувања.
За фамозниот дочек на 2014-та година, доколку се одлучите за Club Ice, задолжени за забава ќе бидат три ди-џеј и еден бенд. Картите се во предпродажба 250 денари, а истата вечер на врата 300 денари. Ова реално е и најефтината понуда во градот за новогодишната ноќ.
Club Mystic дефинитивно е најпосетуван клуб на студентските забави. Првото место на посетеност дефинитивнио го делат Ламбе и Браво бенд. После Жаре Бербер, ред дојде и на дуото кое до ден денес ги има највисоко буџетните видео спотови, групата која жари и пали уште од 90-те “Куку Леле”. Сите што оваа година не успеаа да набават карта за нивните два концерти кои се одржаа на втори март во Colosseum и на седми декември во EXPO Центарот во Скопје, имаат последна можност за оваа година да присуствуваат вечерва во Club Mystic. За новогодишната ноќ ќе Ве забавува Анабела. Со оглед на тоа каква забава Ве очекува, цената на картата е минимална.

