Иако е бремена сеуште е провокативна, во бело фустанче во скут на нејзиниот вереник на сите нејзини фанови им ја прати честитка за Нова година, а што изјави Гавазова за Музика 24… прочитајте во продолжение:
“Пред се Ви посакувам Вам да имате успешна година, Mузика24 е портал кој редовно го читам и ми се допаѓа тоа што сте професионални, па баш поради тоа имаме одлична соработка. 2013-та беше година во која ми се случија многу промени, промени кои им ги посакувам на сите. Ја пронајдов љубовта на својот живот, бремена сум, имав успешна година кога се настапите во прашање, одлични видео записи и најбитното здравје. На Вашите читатели им посакувам пред се многу здравје, насмевки, да шират позитивна енергија и да слушаат македонска музика”, изјави Гавазова за музичкиот портал Музика 24. И ние и посакуваме пред се лесна бременост, здравје и ова кое и се случува во моментов да и потрае.
Подготви: Редакција Музика24
