На 29-ти и 30-ти август, градот на УНЕСКО ќе стане главна музичка дестинација, каде што новите ѕвезди ќе се обидат да ја освојат публиката, а интернационалната вечер ќе донесе светски музички вибрации. Минатата година Немања Радошевиќ ја запечати победата со „Јутра без тебе“, но кој ќе го однесе трофејот оваа година? Дали ќе видиме нов македонски хит кој ќе стане летен евергрин?
Организаторите за оваа година најавуваат спектакл, а Охрид како и секогаш ќе ни подари магични ноќи со одлична музика, неверојатна енергија и глетки што се паметат. Затоа, резервирајте ги датумите, и подгответе се за уште едно незаборавно музичко лето.
