Во прв ред

Нина Бадриќ повторно во Скопје – вечер исполнета со емоции и безвременски хитови

Хрватската поп-дива Нина Бадриќ се враќа во Скопје за уште една незаборавна ноќ исполнета со музика, емоции и магија. По спектаклот што го приреди минатиот октомври, кога со солзи во очите ја испеа „Не кажувај либе добра ноќ“ заедно со публиката, оваа пролет повторно ќе ја слушаме во живо.

Концертот е закажан за 27 април во Македонската филхармонија, каде што ќе ја донесе својата душевна интерпретација, безвременските хитови и препознатливата харизма. Со десет студиски албуми и кариера која трае речиси три децении, Нина Бадриќ е една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена.

Билетите веќе се во продажба онлајн на yournextevent.info, а со оглед на тоа како Скопје ја пречека минатата година, нема сомнеж дека и овој концерт ќе биде распродаден до последно место.

Не пропуштајте уште една магична вечер со Нина!

Можеби ќе ве интересира: