Во четврток на 25-ти јули со почеток во 20 часот, во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општината – “Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Настанот ќе се одбележи со музичко-забавна програма со настап на македонските пејачи Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, како и настап на музичкиот хор на Здружението на пензионери „Илинден“. Во рамки на одбележувањето на настанот му претходи и крводарителска акција која ќе се одржи претходниот ден на 24-ти јули (среда) во галеријата на Дом на култура „Илинден“ од 10 до 14 часот.
