НУ Ансамбл за народни игри и песни – Танец соопштува дека согласно решението од Министерството за култура и туризам на РМ, потпишано денеска, 19.7.2024 година, од министерот за култура Зоран Љутков, за вршител на должноста директор на НУ „Танец“ е назначена Весна Митевска.
Назначувањето доаѓа по личното барање за разрешување на досегашниот директор Мартин Вучиќ, кој ја извршуваше функцијата директор на НУ Танец шест години, откако беше назначен во 2018 година.
Весна Митевска доаѓа на раководната функција од редот на вработените во НУ Танец, кадешто ја имаше позицијата на истакнат играч од прв ред – солист и таа е воедно и прва жена директор во 75-годишното постоење на институцијата.
