Во прв ред

По 13 години британската поп-рок икона Duran Duran се враќа во Македонија

Култниот британски бенд Duran Duran официјално потврди дека Македонија ќе биде дел од нивната нова европска турнеја, предизвикувајќи голем интерес и еуфорија кај домашната публика. И официјално, тие доаѓаат на 2 јули 2026 во Скопје со голем спектакуларен концерт во арената „Борис Трајковски“.

Во рамки на турнејата, Duran Duran најавија настапи во повеќе европски земји, меѓу кои Данска, Холандија, Чешка, Унгарија, Бугарија, Србија и Македонија, што уште еднаш ја става земјава на концертната мапа на големите светски имиња. Само неколку часа по официјалната најава, атмосферата дополнително ја загреа и Авалон продукција, која на социјалните мрежи сподели стихови од легендарниот хит „Is There Something I Should Know?“ од 1983 година. Овој потег веднаш беше протолкуван како јасен сигнал дека токму Авалон повторно ќе застане зад организацијата на концертот.

Duran Duran последен пат настапија во Скопје на 7 јули 2012 година, кога приредија спектакуларен концерт кој и денес се памети како еден од највпечатливите настапи на светска ѕвезда кај нас. Токму и тој концерт беше во организација на Авалон, што дополнително ги зголемува очекувањата за уште една незаборавна музичка вечер.

Билетите за овој концерт се веќе пуштени во продажба и истите можат да се набават преку avalonbooking.mk со почетна цена од 2.990 денари за партер до 6.000 данари за билети во вип делот.

Можеби ќе ве интересира: