Во прв ред

По седми пат – Македонски радиски фестивал “Марс”

Седум години по ред Универзалната сала е домаќин на фестивалот “МАРС”, кој претставува парада на најпопуларните македонски музички имиња, кои, пак, во една вечер нудат ревија на најслушаните хитови во тековната година. Победниците, односно оние чии песни беа и се прогласувани за радиски хит на годината, како награда, меѓу другото, добиваат и можност бесплатно да ја користат Универзалната сала за концерт, а последен од низата којшто ќе ја искористи на овој начин добиената можност е раперот Тајзи, кој најави дружба со фановите на 29-ти идниот месец.

“Во принцип, сите коишто ја добија оваа награда ја искористија. Знам дека концерти досега имаат направено “Некст Тајм”, Влатко Илиевски, кој дури два пати ја имаше таа можност, тука се и “Нокаут”, како и Тајзи, кои беа минатогодишни победници”, вели Антонио Димитриевски.

MARS_PosterГодинава “МАРС” ќе се одржи на 25-ти ноември, а изборот на најпопуларните радиохитови, како и досега, ќе биде направен по пат на селекција од над 40 локални, регионални и национални радиостаници ширум Македонија. Листата на избрани песни ќе се знае во почетокот на следниот месец, кога ќе се сумираат резултатите од пристигнатите гласови. Новиот содржински редизајн на фестивалот, наместо вообичаеното прво, второ и трето место, носи категоризација на наградите, што подразбира дека секој од 15-те учесници на финалната вечер ќе добие една или неколку различни награди во повеќе категории, како што се поп, рок, ар-ен-би, рап хит на годината, балада, дует… Наградата за ѕвезда од соседството ќе ја добие хрватската пејачка Нина Бадриќ, која ќе биде специјална гостинка на фестивалот.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: