Во прв ред

По скандалот во Велес, Саша Мирковиќ јасно и гласно: Постапката на Цеца е срам и навреда за Македонија

Познатиот српски продуцент и директор на „Хајп продукција“, Саша Мирковиќ, јавно реагираше по скандалот што го предизвика Цеца Ражнатовиќ во Велес, кога на концерт го развеа бугарскато знаме. Настанот предизвика бурни коментари во јавноста, а Мирковиќ беше меѓу првите што отворено ја осудија нејзината постапка.

„Среде Македонија, таа го подигна знамето на друга држава. Тоа е навреда, а не настап. Наместо да обединува преку музика, таа поттикнува поделби и омраза“, изјави Мирковиќ, потенцирајќи дека е згрозен од однесувањето на пејачката. Тој додаде дека Цеца требало да покаже почит кон државата во која настапува, а не да испраќа пораки што предизвикуваат револт.

„Никој не ѝ забранува да сака која било земја, но кога си гостин – се почитува домот во кој си поканет“, порача тој. Мирковиќ истакна дека отсекогаш имал блиски односи со македонската сцена и дека Македонија за него претставува место со искрени луѓе и вистинска музичка душа.

„Јас ја сакам Македонија и не можам да прифатам некој да ја понижува на ваков начин. Да сум на место на властите, би ја спречил да стапне повторно овде“, изјави тој.

Со својата реакција, Саша Мирковиќ се дистанцираше од Цеца и нејзиниот тим, нагласувајќи дека не сака да има ништо заедничко со вакви настапи кои, според него, немаат ништо заедничко со вистинската уметност.

Можеби ќе ве интересира: