По скандалот што ја потресе македонската јавност по настапот на Цеца Ражнатовиќ во Велес, каде пејачката беше фотографирана со бугарско знаме, на социјалните мрежи пристигнуваат сè повеќе реакции. Една од најгласните беше токму од Марија Пијанманов, историчарка на уметност и јавна личност, која остро го критикуваше Мики Секуловски, поранешниот натпреварувач во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, кој настапуваше со Цеца и подоцна ја бранеше во јавноста.
Во нејзиниот статус на „Фејсбук“, Пијанманов напиша:
„Идиот, мозокот секунда треба за да сфати што се случува — таа го бацува знамето, се мота во него, пее, се лигави, публиката 5 минути гледа… а ти до неа ослепе и баш ништо не виде, а се работи за знаме кое не е македонско!… Цеца е жена од затвор, ништо случајно не прави, а ти пак со неа сега си обичен среден прст за македонската публика!“, пишува Пијанманов.

Таа остро го обвини Секуловски дека со својата одбрана на Цеца го навредил македонскиот народ и додаде дека настапот, наместо концерт, повеќе личел на „сатански ритуал“, како што самата го опиша.
