Интересот за концертот на легендарните „Whitesnake“ во Сараево беше пројавен уште првиот ден, кога половина од билетите за концертот се распродадоа за само неколку часа. Енергични носители на светскиот хард рок звук, во последен момент од нивната проштална турнеја, вклучија концерт во Сараево, кој се покажа како хит.
„Концертот на Whitesnake во Сараево бележи рекордна продажба на билети, во споредба со Скопје, Загреб и Белград. Ова само уште еднаш го потврди фактот дека Сараево навистина сака да биде домаќин на светски музички ѕвезди, а не дека вакви спектакли се случуваат на основа на инциденти на секои десет години. Концертот на Стинг го потврди тоа и ги отвори вратите на Сараево за големите светски ѕвезди. Мислам дека во Скендерија ќе имаме можност да го направиме најголемиот рок спектакл во историјата на таа сала“, истакна Бобан Милошески, сопственикот на продуцентската куќа Авалон.
Преостанатиот број влезници за концертот може да се најде на сите продажни места на Kupikartu.ba, како и преку нивната веб-платформа www.kupikartu.ba.
