Во прв ред

Се е подготвено за големиот концерт на Селимова-Желчевски (Фото)

Во организација на Министерството за култура, Туристичката агенција “Торија” и К-Тим продукција, во петок 15-ти ноември во Домот на АРМ ќе се одржи долго најавуваниот и спектакуларен концерт на најпознатиот македонски дует за народна музика Селимова-Желчевски.

Денес на одржаната прес конференција во хотелот “Stone Brigde” во центарот на Скопје, двоецот Селимова-Желчевски заедно со организаторите на концертот ги информираа присутните новинари за сите случувања околу веќе најавениот концерт. 50 годишнината од својата богата и успешна кариера тие заедно решиле да ја прослават токму тука во својата родна земја Македонија, и покрај тоа што долги години живеат и работат во соседна Србија.

“Ја излези стара мајко”, “Сношти сакав да ти дојдам”, “Зошто си ме мајко родила”, “Љуби ме, љуби ме”, “Марија, Марија”, “Врати ми се”… се само дел од песните кои впеток присутните ќе имаат можност да ги слушнат, а посебно изненадување ќе биде миксот преработен од страна на Славиша Кибровски за песната “Љуби ме, љуби ме” која што премиерно ќе се прикаже на закажаниот концерт. Освен гостите кои што се најавени, а станува збор за членовите на КУД “Орце Николов”, во позадина двоецот ќе биде следен од еден од најпознатите македонски фолк бендови “Биоритам”.

Прес конференција по повод солистичкиот концерт на легендите на македонската народна песна Селимова-ЖелчевскиИ покрај многуте проблеми и препреки кои што ги имале при организација на концертот во Скопје, сепак, ќе имаме чест да имаме неколку часовна дружба со легендите на македонската народна музика. Билетите за солистичкиот концерт и одбележувањето на 50 години музичка активност, можете да ги набавите по цена од 200 денари во Југотон (Гратски трговски центар – Скопје) и сите останати музички продавници.

Музичкиот портал Музика24 Ве поканува во петок на музичко дружење со македонска народна музика.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: