Во прв ред

Вечерва во МОБ нови песни на “Скопски фестивал”

Во организација на Македонската радио телевизија, вечерва на сцената во Македонската опера и балет со почеток во 20.15 ќе се одржи новото издание на “Скопски фестивал”, на кој ќе бидат изведени дваесет нови композиции во живо, следени од ревијалниот оркестар на Македонската радио телевизија.

На овогодинешното издание на фестивалот ќе настапат голем број на македонски познати музички имиња, како и балкански музичари меѓу кои ќе ги споменеме: Ристо Самарџиев, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Верица Пандиловска, Александра Јанева, Ѓоко Таневски, Тамара Тодевска, Елена Ристевска, Јана Бурческа и Мики Секуловски, Дани Димитровска, Андријана Јаневска, Мики Јовановски-Џафер, Стефан Чепишевски, Емил Арсов со Тончи Хулиќ и Мадре Бадеса, Сара Мејс, Горан Каран, Игор Цукров, Кристина Арнаудова и Нина Јанева.

Како што вели организаторот, вечерва на најдобрите ќе им бидат врачени парични награди, а на познатиот македонски композитор на забавна и балетска музика Г-нот Љубомир Бранѓолица, вечерва ќе му биде доделена награда за животно дело. Водител на вечерашниот “Скопски фестивал” е македонскиот актер Васил Зафирчев.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: