Во прв ред

Се огласи Мики Секуловски: „Не знаев дека Цеца држи бугарско знаме, навистина ми е жал за сè што се случи“ (Видео)

Македонскиот пејач Мики Секуловски, кој беше дел од тимот на Цеца Ражнатовиќ во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, се огласи по повод инцидентот со бугарското знаме што се случи на концертот на пејачката во Македонија.

Секуловски, кој во моментот на настанот се наоѓал со Цеца на сцената, преку видео на социјалните мрежи ја објасни својата страна на приказната. Тој изјави дека во прв момент воопшто не забележал дека пејачката држи знаме, мислејќи дека станува збор за реквизит – натпис со нејзино име или фотографија.

„Дури кога публиката почна да негодува и да свири, сфатив дека се работи за бугарско знаме. Веднаш реагирав и го тргнав од сцената“, рече Мики.

Пејачот призна дека можеби требало побрзо да реагира, но нагласи дека едноставно не бил свесен што точно се случува во првиот момент. Објасни дека се обидел да ја смири публиката, бидејќи ситуацијата почнала да излегува од контрола.

„Навистина ми е жал. Се случи нешто што никој не го очекуваше – во мојот град, во мојата земја. Се надевам дека ова ќе остане само непријатен момент и дека ќе ги паметиме убавите делови од концертот“, изјави Секуловски.

Пејачот додаде дека подоцна разговарал со Цеца, која му објаснила дека не била запознаена со чувствителните односи меѓу Македонија и Бугарија, и дека не знаела дека тоа може да предизвика негативни реакции. На крајот, Мики истакна дека инцидентот бил ненамерен и дека целата ситуација го погодила, бидејќи до тој момент концертот поминувал прекрасно.

Во продолжение, слушнете што се Мики Секуловски вели во видеото снимено и пуштено на неговиот Инстаграм профил, а по повод инцидентот и скандалот со веењето на бугарското знаме од страна на пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ:

Можеби ќе ве интересира: