Во прв ред

Скопје во ритам на музиката: Вечер на емоции со Јелена Томашевиќ

Вчера вечер, срцето на Скопје чукаше во ритамот на два исклучителни концерти, исполнети со емоции, врвни интерпретации и музика што допира до душата.

Во Македонската филхармонија, македонскиот поп пејач Јоце Панов ја поведе публиката на патување низ својата музика, со концерт што ќе остане врежан во сеќавањата на сите присутни. Со неговиот карактеристичен глас и моќна интерпретација, тој приреди вечер за вистинските љубители на македонската музика.

Истовремено, само стотина метри подалеку, во Македонската опера и балет, Јелена Томашевиќ ја освои публиката со својот препознатлив глас и енергичен настап. Во интимна, но возвишена атмосфера, таа не само што ги отпеа своите најголеми хитови како „Име моје“, „Оро“, „Где да одем да те не волим“ и „Панта реи“, туку ја изненади публиката и со изведби на песни од нејзини омилени српски музички колеги.

Македонската опера и балет ечеше од рефрените што сите ги знаат и пеат, додека публиката воодушевено уживаше во магијата на музиката. Вечер исполнета со љубов, страст и искрени емоции – токму она што музиката најдобро знае да го создаде.

Можеби ќе ве интересира: