Извонредната Тамара ќе го одржи својот прв целовечерен концерт после “Евровизија 2019”, во организација на Авалон Продукција, во Охрид. Концертот ќе се одржи на 27-ми јули, а локацијата е охридскиот Антички театар затоа што е единствен уникатен простор во којшто сите концерти кои се навистина незаборавно искуство како за публиката, така и за изведувачите.
Тамара ќе настапи со песните кои ја одбележаа нејзината кариера, од почеток па се до извонредните настапи со “Proud” околу финалето и во финалето на овогодишната Евровизија.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во ограничен број, од оваа среда (03.07) онлајн и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија по цени од 500 до 700 денари во зависност од категоријата.
Тамара, Охрид и Антички театар – исклучителна вечер во најава!
