Во прв ред

Турнејата „Лав“ продолжува: Милица Павловиќ го освојува Скопје (Видео)

По распродадените арени во Белград, Загреб и Нови Сад, Event Group со гордост го најавува спектакуларниот концерт на една од најголемите балкански ѕвезди – Милица Павловиќ!

Турнејата „ЛАВ“ продолжува во Скопје, каде што публиката ќе има уникатна можност да ужива во нејзините најголеми хитови и незаборавна енергија. Локација: Арена „Јане Сандански“, Скопје, петок, 14-ти февруари 2025 година, почеток: 20:30 часот.

Milica Pavlovic - Provereno (Official Video)

Продажбата започнува наскоро на сите официјални продажни места. Не ја пропуштајте оваа вечер исполнета со музика, страст и врвна продукција. Осигурајте ги вашите билети навреме и бидете дел од овој незаборавен настан!

Можеби ќе ве интересира: