Културо

„Пренеси ја божиќната радост до секое срце“- е мотото на бадниковата поворка во Прилеп (Фото)

По повод Бадник по 15-ти пат се организираат бадниковите поворки во Прилеп кои годинава се под мотото: „Пренеси ја божиќната радост до секое срце“. Како што велат организаторите, годинава бројот на пријавени дечиња е зголемен и на истата ќе учевствуваат 300 дечиња.

Поворката започнува на 6.1.2025 година (понеделник) во 09:00 часот наутро од пред Камената бина во центарот на Прилеп каде што од пред неколку дена е поставена и божиќната пештера која потсетува на рождеството христово. Локацијата на движење на поворката е од Камена бина кон параклисот на Свети Никола, продолжува покрај пицеријата „Леоне“, кон пешачкиот премин кај аптеката „Зегин“, од таму поворката продолжува кон старата прилепска чаршија, потоа кон градскиот плоштад, поворката ќе помине и пред Участакот од каде со движење ќе продолжи кон пешачкиот премин кај продажниот салон на „Сетек“, а потоа поворката се упатува кон и пред НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп и крајната дестинација од поворката е повторно Камената бина.

Дечињата од бадниковата поворка на камената бина ќе ги отпеат песните: „Вечниот бог“, „Тропар на Рождество Христово“ и „Кондак на Рождеството Христово“. Како што велат организаторите дечињата пред камената бина ќе бидат пречекани од прилепскиот градоначалник, Борче Јовчески кој ќе им подари пригодни подароци.

По завршување на бадниковата поворка во Прилеп верниците се покануваат да го посетат најблискиот црковен храм, а на ден Божик на 7.1.2025 година (вторник) да присуствуваат на црковната литургија за сите заедно достојно да го дочекаме Божик и срдечно да речеме: „Христос се роди“  и „Навистина се роди“.

За Музика24 од Прилеп известува: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: