Во прв ред

Уште еден ден до големото “X Factor” лудило

Уште еден ден до големото “X Factor” лудило кое пополека пристигнува во градот Штип, град кој што е познат по многу нешта, а меѓудругото и по одличната и незабавна забава и дружење до раните утрински часови. Како што веќе пишувавме, 21-ви јуни е денот кога ѕвездите на регионалното шоу “X Factor” ќе настапат во овој град. Маид Хечимовиќ, младиот, популарен и згоден “доктор” Урош Туркулов ќе бидат само дел од големата утрешна забава на Градскиот базен во Штип, кој оваа година е во сосема ново поинакво руво.

Освен ѕвездите од регионалното и најгледано тв шоу досега, на сцената ќе се појават и “No End” познат штипски бенд кои воедно за цело време ќе ги пратат во позадина веќе споменатите музички ѕвезди. Вратите за утрешниот голем музички настан ќе бидат отворени во 21 часот, а цената чини само 150 денари. Организаторите велат дека освен веќе споменатите учесници на ова музичко случување, имаат и специјален музички гостин кој ќе го дознаете само доколку бидете дел од утрешната голема забава на отворено. Летото почнува, а со тоа и големите летни и незаборавни луди забави!

Подготви: Маргита Робевска

Можеби ќе ве интересира: