Во прв ред

Утре финалистите на “X Factor Adria” на голем концерт во Скопје (Фото)

Денес точно напладне во Капитол Мол се одржа предконцертната прес конференција на финалистите од регионалното најгледано тв шоу “X Factor”. Снеже Велков која како водител на настанот го започна истиот заблагодарувајќи се на медиумите кои се присутни како и на големиот број фанови кои гласно ги извикуваа имињата на финалистите. Секој од нив се заблагодарија за одличниот пречек како и за тоа дека од Македонија и македонската публика имаат најголема поддршка.

“Настапуваме сите заедно што ни е особено драго и имаме пријатни изненадувања за сите наши фанови кои прв пат ќе имаат прилика да го видат и искусат концертното доживување кое го приредува “X Factor”. Ги покануваме сите на ова музичко дружење во арената “Борис Трајковски” и сигурни сме дека сите заедно одлично ќе се забавуваме, порачуваат тие пред утрешниот концерт.

X Factor 1На концертот ќе се испејат 45 песни, меѓу кои публиката ќе има задоволство за прв пат да чуе и неколку премиерни изведби на песни на финалистите. Концертот ќе трае најмалку 120 минути.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: