Гитаристот Мухамед Ибрахими ќе го отвори етно-фјужн фестивалот „Локум фест“ во Битола вечерва (17-ти јули), среда, со концерт кој ќе се одржи на отворено, пред Офицерскиот дом од 20.30 часот. Истата вечер, концерт ќе одржи канадската група „Думаи Дунаи“ во клубот „Везилка“ од 22.30.
На 18-ти јули, ќе има два концерта. Првиот е на босанскиот музичар Дамир Имамовиќ од 20.30 часот, кој свири и пее традиционална музика (севдалинки), а вториот е на македонската пејачка Зарина Прасевда од 22 часот.
„Синари трио“ од Грција и „Фолкатомик“ од Италија ќе го затворат фестивалот со настапи на 19-ти јули со концерти од 20.30 и од 22.30 часот. Сите концерти, освен на канадската група ќе се одржат на платото на
Офицерскиот дом.
