Во прв ред

Во НОБ се одржа комеморација на маестро Александар Џамбазов (Фото)

Во фоајето на Националната опера и балет денеска се одржа комеморација на композиторот Александар Џамбазов. Почетокот не беше со вообичаената со минута молчење,  туку со минута музика и минута аплауз.

На комеморацијата присуствуваа стотина луѓе помеѓу кои: министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, националниот координатор за култура Роберт Алаѓозовски, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, композиторот Славе Димитров, актерот Благој Чоревски и други.

Ви благодарам за оваа огромна доза на љубов што ја имате кон вашиот омилен маестро, вашиот чичко Ацо, вашиот Џамбаз. Еден кроток, мил господин, човек чие спомнување предизвикуваше насмевка кај луѓето. Знаеше да каже: „Што сум јас? Цел живот бев зет на Петре, па маж на Анче, па татко на Тања и Игор, а што сум јас?“ Сега ќе ти кажам, ти си маестро.  рече неговиот син Игор Џамбазов во кратко обраќање.

Освен Игор, на комеморацијата свои обраќања имаа и директорката на Здружението за заштита на авторски музички права, Антонета Токовска-Дуковска и композиторот Стојан Стојков.

Можеби ќе ве интересира: