Аки Рахимовски, легендарниот пејач на „Парни ваљак“, вчера беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб а ковчегот беше прекриен со македонското знаме. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска соопшти дека поднела иницијатива улица во Скопје да го носи името на Рахимовски.
Како Градоначалник на Град Скопје, денес иницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски. На последната средба со Аки во резиденцијата на Претседателот на Хрватска минатата година, гордо не поздрави со македонските песни кои нему лично му беа најдраги. – објави арсовска.
