Како што велат од Авалон продукција, поради екстремно брзото распродавање на првите 4 концерти, како и неверојатниот интерес за влезници кој се’ уште трае, за заокружување на маратонот на концерти за оваа 2022-ра година, тие организираат уште еден последен претполноќен концерт со инзвонредните Каролина, Дуке и Исмаил на 25-ти декември во Македонската филхармонија со почеток во 22:30 часот.
Влезниците за овој концерт се веќе пуштени во продажба онлајн на avalon.mk. Историјата кажува – бидете брзи!
