Во прв ред

Здравко Чолиќ во Македонија снимаше видео спот за синглот “Ватра и Барут”

Познатиот балкански поп изведувач Здравко Чолиќ при гостувањето во Македонија ја искористи можноста да го сними својот нов видео запис за нумерата “Ватра и Барут” каде учествува и познатиот виртуоз на гитарата Влатко Стефановски. Нашиот портал имаше ексклузивна можност да добие од “прва рака” информација каде се снимаше самиот спот заедно со познатата продукција Томато.

“Бидејќи концертот е закажан за 31-ви мај дојдовме до решение со главниот директот на Томато, Бане кој даде идеја да се снима на две локации Скопје-Охрид со што излезе добро сценарио и сум премногу задоволен од соработката”, изјави Здравко Чолиќ за нашиот портал кој додаде дека не е крај. Воедно ова е прв пат познат балкански изведувач да снима токму во Македонија, па затоа и на наше големо изненадување и чест бевме удостоени од неговата скромност при целиот процес на соработката која ја имавме со Здравко Чолиќ.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: