Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Бубе Најдановска – Славата го менува само оној кој е гладен за неа

Харизматичната поп пејачка Бубе Најдановска која секогаш е спремна за нови нешта во животот, но и во кариерата во интервјуто за Специјализираниот македонски музички портал Музика24 ни откри многу нешта кој што ја прават среќна, но и она што треба да го запомнат тие што сакаат да се занимаваат со музичка кариера кога е во прашање славата. Во продолжение, уживајте во разговорот.

Музика24: Колку ти значи што беше дел од едно музичко шоу како што беше М2?

Бубе Најдановска: Навистина ми беше огромно задоволство да бидам дел од “М2 Потрагата по ѕвезда” и баш ми е драго што својата кариера ја започнав токму со тоа шоу. Како помала немав пропуштено ни едно шоу на М2 и постојано замислував пред телевизорот дека еден ден и јас ќе учествувам. Целата организација на шоуто и соработката со нив беше одлична, а дружењето и аудициите незаборавни.

Музика24: Што ти донесе, а што ти одмогна во однос на кариерата јавниот живот?

Бубе Најдановска: Јавниот живот воопшто не ми засмета во ниеден момент. Јас сепак останав истата и се трудев надвор од музиката да наоѓам време за сите мои обврски и пријатели. Чуството кога некој ќе те препознае и ќе ти пријде неочекувано за да те поздрави и кога ќе слушнеш дека некој потпевнува ваша песна е прекрасно, а тоа секако не може да не ми годи.

B1Музика24: Дали би пеела дует со некој од фолк естрадата, ако ти понудат?

Бубе Најдановска: Не би пеела дует со некој фолк изведувач, бидејќи јас не се пронаоѓам во фолк музиката, но немам ништо против да се испее нешто старо, народно со цел да се заживеат старите македонски народни песни кои сите ги почитуваме и сакаме.

Музика24: Што недостасува на музички план во Македонија да биде комплетна рамо до рамо со светските ѕвезди?

Бубе Најдановска: Во Македонија недостасуваат многу промени на музичката естрада. Треба да бидеш многу упорен во тоа што го правиш за после доста долго време конечно да постигнеш нешто. Секако, не може се одеднаш, но веќе подолго време нема освежување на естрадата и тоа публиката го чувствува. Затоа цените на картите за концерти на странските изведувачи се многу повисоки во однос на оние на нашите пејачи, што навистина многу ме лути. На естрадата фалат нови лица, кои сеуште не добиле шанса некаде да покажат што умеат, а има многу талентирани, кои и со една-две свирки низ градот умеат да се задоволат, бидејќи нема на кој друг начин да го покажат својот талент. Продукциските куќи не се заинтересирани за таквите, освен за веќе актуелните пејачи и не се нафаќаат да почнат од нула со градење кариера на “неоткриени таленти”, а верувам дека македонската публика одвај чека да се случи нешто ново и да се појават нови лица на естрадата. Естрадата ја чувствувам навистина “ограничена” и според мене тоа мора да се промени. Би се рамнеле со светските ѕвезди кога и ние би имале низа пејачи со различни стилови па да прикажеме слична “богата слика” за нас и музичката естрада.

B2Музика24: Дали македонската публика почесто е преокупирана од медиумите со странска музика или сега е тоа сменето?

Бубе Најдановска: Странската музика има поголем “репертоар” од она ние што го нудиме. Тука главна улога се телевизиите и радијата кои треба повеќе да ја актуелизираат македонската музика. Колку што имам приметено до сега полека го исполнуваат своето време со домашната музика, а дозата на странска музика никогаш нема да се намали кога слушателите сакаат да бидат во тек со странските новитети.

Музика24: Дали тебе славата те промени како личност или “сеушта остана на земја”?

Бубе Најдановска: Како што кажав погоре, јас си останав истата и воопшто не го сменив односот кон најблиските, пријателите и колегите. Пресреќна сум кога и тие ме подржуваат во тоа што го правам. Наоѓам време за се и секако дека си “останав на земја”. Славата го менува само оној кој е “гладен” за неа.

B3Музика24: Каде се гледаш после 10-20 години?

Бубе Најдановска: Хммм… никогаш не можеш да знаеш каде ќе те одведе животот. Секој со своите амбиции. За толку долго време може се да се случи. Сакам да го прошетам светот, сакам да имам богата музичка историја зад себе, одлична работно место и среќно омажена хахаха (се смее)

Музика24: Кој момент ке го паметиш по учеството во М2?

Бубе Најдановска: Дружењето со финалистите, постојаните ангажмани и настапи, нетрпението да го дознаеш крајниот резултат после аудициите, одличната соработка со Иво Јанковски и Дарко Димитров, финалето на шоуто – мојот прв настап пред толкава публика, дуетот со Ламбе- unplugged верзијата на “Кога сонце грее плачам”… значи се издвоив!

B4Музика24: Дали си спремна да отидеш до крајност кога е во прашање кариерата?

Бубе Најдановска: Ако е во прашање нешто што не би ми прилегало на мојата кариера, нормално дека не би идела, но за жал реалноста го покажува сосема спротивното, на пример светските изведувачи прават се за да бидат на насловна дури и некоја глупост која не е суштински врзана за нив.

Музика24: И за крај што би можеле да очекуваме во иднина од тебе?

Бубе Најдановска: За во иднина во план имам многу замисли и идеи кои ќе ги задржам за себе. Реализацијата на истите оди малку поспоро поради обврските што ги имав изминатиов период, но сега сум подготвена за работа со полна пареа.

B5Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: