Познатата балканска музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ неодамна ја промовираше својата нова песна “Милиметар”, а веќе го најави и својот голем концерт во Скопје кој ќе се одржи на 11-ти ноември во “Вип Арената Борис Трајковски”. Едно од најдобрите српски музички имиња, единствениот после македонската легенда Тоше Проески што успеа да ја наполни Националната Арена “Филип Втори”, пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ доаѓа со уште еден во низата на успешни концерти во Скопје.
Минатата година со музичкиот проект “Два Света”, со повеќе од 40 музичари на сцена, Жељко наполни дури четири концерти, еден по друг, во Македонскиот Народен Театар. Миленикот на сите генерации, човекот кој два пати е морален победник на Евровизија, на голем спектакуларен концерт, кој ќе трае повеќе од 2 часа. На концертот ќе се отпеат најголемите хитови меѓукои ќе ги споменеме: “Љубави”, “Није љубав ствар”, “Лане моје”, “Девојка”, “Либеро”, “Дрска жено плава”…, како и поновите хит песни на Жељко како што се “Дама”, “Звезда”, “Рањена Ѕвер”, најновата “Милиметар” и многу многу други.
Билетите се пуштени во продажба од денес 6-ти јули и истите може да се набават преку продажната мрежа на купикартизасе низ цела Македонија, во Пола Југотон, Југотон и цвеќара “Розе” – Веро 2.
Подготви: Редакција Музика24
