Познатиот рок бенд „Квин“ се врати на тронот и по прв пат по 25 години во Велика Британија, нивниот концертен албум „Live Around World“ го зазеде првото место на топ листата на албуми. „Live Around World“ е десетти албум на „Квин“, и прв со американскиот пејач Адам Ламберт кој се приклучува на бендот во 2011-та година.
Кога станува збор за настапот во живо, тогаш ова е осми албум на оваа популарна група, но прв без членот основачот и фронтмен Фреди Меркјури кој почина во 1991 година.
Ламберт првпат настапи со Тејлор и гитаристот Брајан Меј во 2009 година, кога беше финалист за осмата сезона на “Американски идол”. Две години подоцна, тие започнаа да настапуваат заедно на концерти. Од тогаш, Квин и Адам Ламберт се едни од најбараните изведувачи во светот, пишува Билборд.
Албумот вклучува хитови како “Don’t Stop Me Now”, “Radio Ga Ga”, “We Will Rock You” и “We Are The Champions”, изведени на концерти ширум светот. Албумот беше објавен како благодарност до обожавателите по откажувањето на турнејата во 2020 година поради пандемијата на коронавирус.
