World Music

Британска пејачка се онесвести пеејќи во живо

Британската пејачка Ребека Фергусон вчера имаше мала незгода во емисијата која одеше во живо. Ребека настапуваше на самиот крај на емисијата “Loose Women”, кога во сред настап се тргна од микрофонот, се фати за градите и се спушти на под. Членовите од бендот брзо притрчаа да и помогнат, а на екраните се појави одјавната шпица.

Инаку, Ребека Фергусон е учесничка од британското шоу “X Factor”, која неретко имаше проблеми со тремата во текот на live настапите.

Подготви: Ангела Трајковска

Можеби ќе ве интересира: