World Music

Членовите на „Queen“ дневно заработуваат по 100 илјади фунти од филмот „Боемска рапсодија“ (Фото)

Филмот „Боемска рапсодија“, чија премиера беше во 2018 година, ги подели обожавателите и критичарите, документирајќи го патот на покојниот фронтмен Фреди Меркјури од неговото детство до влегувањето во групата и врвот на неговата кариера. Филмот досега има заработено повеќе од 700 милиони фунти на билетарницата, а според последните податоци, преостанатите живи членови на групата: Брајан Меј, Роџер Тејлор и Џон Дикон, како и фондацијата „Меркјури“, добиваат голем дел од тие пари. Култната група „Queen“ наводно заработува повеќе од 100.000 фунти на ден од филмот „Боемска рапсодија“.

Според британските медиуми, една година пред објавувањето на филмот, групата „Queen“ пријавила профит од околу 12 милиони фунти, а по филмот, таа добивка скокнала на нешто повеќе од 43 милиони фунти.

Можеби ќе ве интересира: