World Music

Чудниот костум на Лејди Гага (Фото)

Лејди Гага се прослави во Холивуд по својот чуден изглед и по тоа што изгледа како подвижно уметничко дело од некој бизарен уметник. Сепак, нејзиниот последен моден момент, ако воопшто можете да го наречете моден, можеби е најлошиот од неа до сега. Гага се појави во јавноста носејќи гигантска пирамидна маска од коса која и ја проголта целата глава.

Лејди Гага со чуден костумПокрај овој костум, претходниот нејзин најчуден костум, фустанот од месо, сега изгледа како лош костум за Ноќта на вештерките. Лејди Гага излезе од хотелот “Ritz Carlton” во Берлин покривајќи си ја главата со гигантска коцка излепена со виткана руса коса, а на маската си направи само две дупчиња за очите. Искрено, ова е можеби најгрозната работа која сте ја виделе. Гага изгледа како пореметена маскота.

Нејзиниот албум кој доправа треба да излезе, наречен “Artpop”, не е на високото ниво како нејзините претходни музички дела, па поради тоа не го добива она внимание на кое Гага беше навикната претходно. Ако мисли дека и е потребно да носи огромни крзнени топки на себе за да добие место во медиуите, очигледно и не се излажала затоа што и тоа делува.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: