Срце кршачот Давид Бисбал, кој е еден од најголемите светски латино ѕвезди моментално одржува турнеја во Америка. Во турата опфатени се САД, Канада и Аргентина. Акустично веќе се претстави во Вашингтон, Бостон, Торонто, Монтреал, Чикаго, Лос Анџелес, Сан Франциско и Лас Вегас. На концертите беа присутни македонци од дијаспората, од кои добивме информации дека билетите биле целосно распродадени во рекордно време.
Давид направил вистинска забава, а помалку и не се очекува од таков солист кој е добитник на латинските греми награди за најдобар албум и вокал. На 16-ти март гостува во Орландо, а веќе на 17-ти закажува ново концертно искуство и средба со фановите во Мајами. Последна географска точка на оваа турнеја е Буенос Аирес каде ќе одржи два концерти на 20-ти и 21-ви март. Овде сигурно ќе има поголем успех, се шпекулира дека доколку е потребно ќе одржи трет концерт. Најголемата причината веројатно е успехот за темата “Hasta el final” (“До крај”) која е почетна тема на теленовелата “Само ти”, во која Давид го позајмува својот глас.
Подготви: Сања Неткова
