World Music

Елвис Присли наскоро како „Агент Елвис“ во цртан филм (Видео)

Цртаниот филм наречен „Агент Елвис“, во кој главниот лик е Елвис Присли, доаѓа на Нетфликс во март оваа година. Познатиот актер Метју Меконахи му го позајмува гласот на кралот на рокенролот.

„Елвис Присли го менува својот комбинезон за џет пакет кога ќе биде примен во тајна владина шпионска програма за борба против мрачните сили кои и се закануваат на земјата што ја сака – сето тоа додека ја работи својата секојдневна работа како крал на рокенролот“, се вели во дневникот на серијата.

Цртаниот филм „Агент Елвис“ е создаден заедно од Присила Присли и Џон Еди.

„Од времето кога Елвис беше момче, тој отсекогаш сонуваше да биде суперхерој кој се бори против криминалот и го спасува светот. Агентот Кинг му дозволува да го прави токму тоа.”, рекла Присила Присли.

Погледнете го трејлерот:

AGENT ELVIS | Official Teaser | Netflix

Можеби ќе ве интересира: