World Music

“Изгубениот” албум на Боуви ќе биде објавен по повод неговиот 75-ти роденден

Албум „Toy“ на Дејвид Боуви кој никогаш официјално не беше објавен ќе биде промовиран еден ден пред неговиот 75-ти роденден, кој ќе го славеше на 8-ми јануари.

Дејвид албумот го сними помеѓу 2000-та и 2001-ва година, а во 2011-та година беше нелегално споделен на Интернет. Всушност се работи за комбинација од нов материјал и обновени верзии на некои рани песни. Боуви се надевал дека албумот ќе биде издаден, но неговата тогашна издавачка куќа „Вирџин“ се двоумеше па одлучи да го архивира. Потоа Боуви во 2002 година го објави „Heathen“. Сега албумот официјално ќе излезе на 7-ми јануари како дел од комплет со три цедиња

„Toy“ е како момент во времето, заробен во среќа, оган и енергија. Среќен сум што можам да кажам дека тој сега конечно им припаѓа на сите“, изјави продуцентот Марк Плати.

Можеби ќе ве интересира: