World Music

Џастин Бибер наскоро со нов филм

Најпознатиот, контраверзен и посакуван тинејџер Џастин Бибер, денес официјално го пушти трејлерот за неговиот нов документарен филм кој што ќе го опфати новиот период на Бибер. По првиот документарец, кој се појави пред неколку години, ова е втор документарен филм кој Џастин и неговиот тим го снимаат како поблиску би им го доближиле начинот на живот, работа и ситуациите кои се случуваат пред и по концертите, за време на сниманњето на некој спот или песна и сл.

И во овој филм, посветен на младата ѕвезда, говорат познати пејачи, негови пријатели, блиски соработници и сите оние кои се речиси со него 24/7.

Документарниот филм во Америка е најавен за следниот месец – декември кога ќе може да се погледне во кино салите, а кога и дали воопшто овој филм ќе имаме можност и ние во Македонија да го погледнеме, одговорот на ова прашање сеуште не го знаеме.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: