Многумина веруваа дека по раскинувањето на Џастин со Селена тие никогаш повеќе нема да бидат заедно, но еве тоа испадна дека и не е така. Вчера Џастин на Инстаграм пушти фотографија каде што многу добро се гледа дека тој е заедно со неговата поранешна, но и сегашна девојка Селена Гомез. Тој е седнат во нејзиниот скут и додека таа го има гушнато, тој полугол седи и откако ја има пуштено фотографијата веднаш под неа напишал:
“Премногу долго се занимаваш со создавањето музика, бејб, дојди да се мазиме”, напишал Џастин на Инстаграм. Тие раскинаа во јануари 2013-та, се запознаа пред точно 3 години, а за прв пат својата врска јавно ја објавија на забавата Vanity Fair во 2011-та година. Дали ова претставува само давање шанса еден на друг или е само маска пред светската јавност, тоа ќе видиме, но најважно е дека тие се заедно.
Подготви: Марија Поповска
