World Music

Џастин Бибер: Забава под мои услови

Тинејџерската поп ѕвезда Џастин Бибер од гостите на неговата забава побарал да потпишат договор за тајност кој предвидува автоматско плаќање казна од три милиона американски долари доколку откријат каков и да е детал од забавата којашто според бројот на жалбите од соседите до полицијата, излегла од контрола.

Гостите на забавата којашто се одржала во петокот навечер, како и персоналот, морале да потпишат договор со кој се согласуваат да не испраќаат твитови или смс пораки, или да поставуваат постови на фејсбук или на кој и да е друг начин да го забележат или снимат она што се случува на забавата. Како што пренесуваат локалните медиуми, во калифорнискиот дом на 19-годишната ѕвезда, до раите утрински часови се забавувале околу стотина млади лица.

На претходните забави се закануваше казна од пет милиони долари, доколку открија нешто од нив, а за оваа сума била намалена. Според медиумите, полицијата на барањата на соседите коишто останале без сон трипати во текот на ноќта доаѓала во домот на Бибер да ја стивне забавата.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: