Откако познатата тинејџерска светска ѕвезда Џастин Бибер беше уапсен поради возење под дејство на недозволени средства, поседување нелегална дозвола и обид да се избегне апсењето, неговото судење е закажано за трети март во судот во Флорида. И покрај тоа што неговите адвокати велат дека нивниот клиент е невин, тој сепак ќе мора да се појави на судењето по неговото апсење кое се случи на 23-ти јануари во Мајами по уличната трка во која учестуваше и Бибер.
Подготви: Редакција Музика24
