Музичката ѕвезда Џон Леџенд ги изненади фановите во Лондон, кога без никаква најава оддржа концерт на метро станицата “Сент Панкрас”. Леџенд, кој е добитник на повеќе Греми награди, седејќи на пијано ги “почести” патниците во Лондон со неколку од неговите најголеми хитови, како “Ordinary People” и “All of me”.
Минувачите беа воодушевени, а некои во неверица извикуваа “па дали е ова е возможно”. Неколку моменти пред да се појави на станицата, Џон на Твитер објави дека пристигнува во Лондон.
Подготви: Андреја Андреевиќ
