Британскиот театарски режисер Кваме Квеј-Армах најави нов документарен филм за легендата на реге музиката Боб Марли, чиј фокус ќе биде повеќе насочен на животот на музичарот од Јамајка, а помалку на самата негова музика. За разлика од традиционалните таканаречени “џубокс” мјузикл во кои музиката го има централното место од приказната, споменатиот документарен филм ќе се занимава со тригодишниот извонредно динамичен период во животот на Боб Марли, од 1975 до 1978-та година, кога на Јамајка преживеал обид за убиство и се преселил во Лондон, каде што ги снимил своите класици, албумите “Exodus” и “Kaya”.
“Во музичкиот документарен филм ќе има околу дваесетина песни кои што ќе настојувам да ги оформам на начин за кој мислам дека би му бил прифатлив на Марли”, вели режисерот Кваме Квеј-Армах во разговор за “The New York Times”. “Не станува збор за обичен обид за поврзување на песните во некоја драмска приказна.
Станува збор да животот на тој човек, за тоа како го ставил животот на коцка и заминал во самонаметнато осумнаесетмесечно прогонство во текот на коешто ги снимил двата свои најважни албума”, додава режисерот. Квеи-Армах вели дека за тешката улога на Боб Марли ќе избере “некој кој што ќе мора неизбежно да изгледа како Марли, но ќе мора да биде во состојба да ја генерира на сцената неговата физичка, духовна и сексуална енергија”.
Премиерата на музичкиот документарен филм би требало да се одржи во мај 2015-та година, во театарот “Center Stage” во Балтимор, каде што Кваме Кве-Армах, актерот, сценарист и продуцент со вистинско име Иан Роберст по потекло од Гана, е уметнички директор.
Подготви: Марија Каревска
