World Music

Крис Браун повторно во затвор

Поранешното момче на Ријана, пејачот Крис Браун повторно се најде во затвор, поради прекршување на судска одлука. Имено, откако беше уапсен по претепувањето на Ријана, судот реши наместо да остане во затвор, Браун да мине 90 дена во Центар за рехабилитација за да се обиде да ги надмине проблемите со изливи на бес.

Браун мина 90 дена во Центарот, но потоа судијата во процесот реши дека тој треба и натаму до остане на рехабилитација се додека Судот не донесе поинаква одлука. Но, Браун беше исфрлен од Центарот, поради непочитување на беговите правила и веднаш по напуштањето на комплексот беше уапсен од страна на полицијата и префрлен во затвор.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: