World Music

Мадона наградена од светската геј заедница (Видео)

На 24-тото доделување на наградите “GLAAD Media Awards” во Њујорк, водителот Андерсон Купер успеа да ја изненади популарната пејачка Мадона со жежок бакнеж во уста. Тој откако се качил на сцената за да ја подигне почесната награда, а за возврат сочно ја бакнал Мадона. Наградата “Vito Russo” се доделува на истакнати поединци од страна на геј заедницата.

Купер е еден од основачите на геј заедницата која доделува награди. Тој рекол дека да се биде хомосексуалец е еден од најголемите благослови во неговиот живот. Мадона на доделувањето на наградите се појавила во униформа на млад извидник и објаснила дека така се облекла затоа што како мала сакала да биде извидник, но не можела бидејќи примале само момчиња.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: