World Music

Мадона: Доколку не ги изгасите цигарите, ќе го откажам концертот (ВИДЕО)

Таа е кралица на поп музиката, неодамна на концерт во Чиле Мадона им се заканила на своите фанови и присутни велејќи дека доколку не ги изгаснат цигарите нема да го продолжи концеротот и ќе замине од сцената. Таа најпрво се вознемирила кога од силниот ветер и се скршил чадокот кој го носела со себе, а публиката и се смеела на тоа.

“Нема пушење. Не можам да пеам додека вие пушите. Изгаснете ги цигарите или јас ќе го откажам концертот”, им објаснила таа на присутните. Но и покрај тоа публиката не ја послушала, а потоа таа вознемирено почнала да пцуе. Турнеата на Мадона, за 2012-та година е прогласена за најуспешна досега.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: