World Music

Мадона го навредува поранешното момче со песна

Познатата и контроверзна поп пејачка Мадона, своето поранешно момче го навреди во нејзината нова песна. Текстот за оваа песна веќе е излезен на интернет и на големо се споделува. Таа освен кон поранешното момче, во песните од новиот албум упатува и навредливи реплики и кон Лејди Гага и поранешниот сопруг Гај Ричи. Мадона во песната посветена на поранешното момче пее:

“Знам дека ќе ти се допадне, ако си седам дома и плачам. Но, тоа нема да се случи, бидејќи: кога го правевме она, ќе си признаам, не бев задоволена”. Рефренот на оваа песна е во реге стил, а на крајот пејачката ги упатува најтешките навреди за својот поранешен партнер. Таа со него се раздели минатата година по три годишна врска.

Инаку, 13-от албум на Мадона ќе излезе оваа година, а како што велат извори блиски до пејачката, таа новите песни можно е да ги пушти уште во ноември оваа година.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: