World Music

„Металика“ донира 250.000 долари за Турција и Сирија

Хеви-метал составот „Металика“ ќе донира 250.000 долари (околу 230.000 евра) на хуманитарните организации Direct Relief и World Central Kitchen, коишто обезбедуваат помош за подрачјата погодени од земјотресите во Турција и Сирија.

„Немаме зборови за да го опишеме уништувањето во јужна Турција и северна Сирија. Земјотресот со јачина од 7,8 степени го претвори целиот подрачје во урнатини. Бројот на жртви продолжува да расте. Партнерските организации, „All Within Foundation My Hands“ (нивната фондација, б.п.), Direct Relief и World Central Kitchen работат на терен за да обезбедат медицинска помош и храна за жртвите од оваа катастрофа. „АФВМХ“ обезбедува грантови од 125.000 американски долари за секоја организација, заради поддршка на нивните напори“, соопшти „Металика“.

Direct Relief обезбедува медицинска опрема, додека World Central Kitchen работи на подготовка на над 125.000 оброци дневно. Донацијата доаѓа од непрофитната организација на американскиот бенд основана 2017 година за борба против гладот и во поддршка на образованието и други добротворни цели ширум светот.

Хеви-метал составот редовно донира пари во добротворни цели. Секој декември, на пр. тие одржуваат посебен годишен концерт наречен „Раце кои помагаат“ (Helping Hands) во Калифорнија, којшто меѓу другото, го полни буџетот на нивната хуманитарна фондација.

Можеби ќе ве интересира: