По голема расправија, Џенифер Лопез стави крај на двегодишната врска со Каспер Смарт, танчер од нејзините настапи и концерти. Анонимен извор за светските медиуми вели дека причината за големата кавга е тоа што Лопез дознала дека нејзиниот љубен, младиот Каспер, во месец август додека бил во Њујорк посетил порнографско пип-шоу, кое меѓудругото во јавноста е попознато и како место за геј состаноци.
“Го избрка од станот! Не успеа во ништо, а за тоа го обвини него. Не му дозволи да земе ништо од станот, велејќи му дека дошол без ништо и дека ќе си оди без ништо”, изјавил анонимниот извор за светските медиуми.
Подготви: Дениза Илиеска
