Како што пишуваат светски медиуми, една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња во кантри-поп музиката, Шанаја Твејн, најавува нов албум за следната 2017-та година. После серијата на многубројни настапи во Лас Вегас и големата минатогодишна турнеја, славната канаѓанка е подготвена да се врати во студио.
“Чувствувам дека едноставно можам да продолжам да снимам албуми”, изјави познатата пејачка. Новиот албум на Шанаја би требало да биде објавен на пролет, а песните се веќе во подготовка.
“Ќе има пет песни. Секогаш собирам некои работи. Кога е дождовен ден или кога се досадувам, поминувам низ својата колекција на инструменти и нешто преслушувам”, додава познатата кантри-поп пејачка. Новиот албум ќе биде нејзин петти студиски албум кој доаѓа после успешниот “Up” од 2012-та година.
Подготви: Влад Петров
