Веќе подолг временски период на македонската музичка сцена апсолутно ништо ново не се случува, да не бидеме погрешно сфатени тек-тук има по некоја промоција, ново лице кое секако и ние како музички портал го промовираме, но познатите и веќе докажани музички имиња се одамна или заспани или работат некоја друга професија далеку од музиката. Одамна не е снимен добар хит, одамна не сме слушнале нешто што слободно може да кажеме: “Е оваа песна ми се допаѓа”.
Во речиси тотален музички мрак, воедно воведувајќи ја и забраната за емитување на македонска музика низ македонските медиуми, дел од нашите музички композитори, да не речеме хитмејкерите на македонската музичка сцена промоцијата на Александра Радовиќ ја искористија за посета на Белград, соседна Србија и воедно и за нови договори и преговори со познатите српски музички имиња каде што многу добро знаеме дека дневно се создаваат и промовираат повеќе од 10 песни.
Дали ова значи дека Роберт Билбилов, Дарко Димиторв и Лазар Цветковски кој кај нас се познати по голем број на хитови, наместо кај нас во Македонија, ќе создаваат и креираат нови песни и хитови за српската музичка елита, тоа сеуште не го знаме, но би било добро малку повеќе да се свестиме и да погледнеме каде се наоѓа македонската музичка сцена, а каде српската, бугарската… и сите останати.
Подготви: Андреја Андреевиќ
